Далеку од рефлекторите и гласната химна на ЛШ во стадионите преполни навивачи и возбуда, далеку, многу далеку, се случува истиот натпревар: стартови, дриблинзи, прослави за даден гол… Твојот братучед и неговиот другар, најверојатно се главните навивачи на инаку празните трибини, но тоа не менува ништо. Ако е добар денот, понекогаш можат дури и да те пофалат.
Патување низ комплексноста на еден фудбалски миг.
Шут низ ѕидот од дезинформации.
Фудбалски приказни, спомени, портрети...
Ајде на игра!
Лист, камен, нооооожички!
пати кога сме изгубиле поради судиска одлука
пати кога никој немал поим дали е топката во аут, ама сите имале мислење
пати кога пречка со волеј ни значела повеќе од гол
пати кога сме отишле во балон наместо да гледаме ЛШ по дома
неслушнати фудбалски разговори… засега
А зошто не? Сакаме, играме и мислиме на фудбал… Има и, демек, „пофилозофска“ позадина – барем така му објаснувавме еднаш на еден другар што заврши општа и компаративна книжевност.
Фудбалот е најважната споредна… кхм, кхм, карактеристика на нашата идеја. Повеќето записи се спортски, баш би сакале да пробаме тренинзи од други спортови. Ќе нè поканите?
Не. Ама сме против трчање и потење со шушкавци на 35+ температури, и да се мисли дека така се топат мастите, а всушност – да сме на граница од дехидратација и топлотен удар.
На погрешно место сте за ова прашање, но чичко Борче рече дека било 1 зарез 43.
Ќе прашаме. Ние си сакаме и едното и другото.