ЗА ФУДБАЛ ФРЕЈМ

Далеку од рефлекторите и гласната химна на ЛШ во стадионите преполни навивачи и возбуда, далеку, многу далеку, се случува истиот натпревар: стартови, дриблинзи, прослави за даден гол… Твојот братучед и неговиот пријател, најверојатно се главните навивачи на инаку празните трибини, но тоа не менува ништо. Ако е добар денот, понекогаш можат дури и да те пофалат.

ТУКА СМЕ ЗАРАДИ...

пати кога сме изгубиле поради судиска одлука

пати кога никој немал поим дали е топката во аут, ама сите имале мислење

пати кога пречка со волеј ни значела повеќе од гол

кога сме отишле во балон наместо да гледаме ЛШ по дома

неслушнати фудбалски разговори… засега

Зошто се викате Фудбал Фрејм?

А зошто не? Имаш некој проблем со тоа?

А што, фудбалов нешто како најјак, другите спортови не важат?

Фудбалот е најважната споредна… кхм, кхм, карактеристика на нашата идеја. Повеќето записи се спортски, баш би сакале да пробаме тренинзи од други спортови. Ќе не’ поканите?

Дали сте против шушкавци?

Не. Ама сме против трчање и потење со шушкавци на 35+ температури, и да се мисли дека така се топат мастите, а всушност – да сме на граница од дехидратација и топлотен удар.

Дали ќе дојдете да нè гледате во 11-ти октомври?

Само викнете нè! Може и да поиграме ако ви фали играч.

Зошто се правите толку паметни?

Не се правиме. Сме. Истражуваме, читаме, ова-она…