Валкани игри во шеснаесетник за време на изведување слободен удар или корнер
Не се така озлогласени како ватерполо дуелите под вода, ама ги има и во фудбал:
- штипење за кожна дипла на бицепс или трицепс – кратко, но ефикасно;
- „ќе ти влезам во џигер“ – вербална закана за вашиот црн дроб, на која не се имуни ниту тие со прележан хепатит;
- пцовка која вклучува „сѐ по список“, но никој уште не ги видел тие списоци, а во јавноста кружат дојави дека никој не ги ни направил досега;
- „случаен“ лакт при завртување, проследен со шмекерско глумење невиност; како она лажно замавнување за „да пукне“ што трансформира во премин на прстите низ коса во истиот опсег на движењето;
- газење на ножните прсти на противникот – потег кој учествува во заштеда на противничкиот играч (при планираното лакирање на ноктите со виолетов лак);
- „ќе видиш после утакмица“ и „ќе ни дојдете вие кај нас на домашен терен“ – повеќе како најава за нештата што секако ќе се случат (и ќе гледа и ќе ги сменат улогите на домашна и гостинска екипа) отколку вистинска закана;
- дишење и дување во врат со што се наежува противничкиот играч и ја вовлекува главата како желка – па помалку гледа што се случува наоколу;
- „Судац види го“, но судијата не гледа – го пропушти последниот термин на очно и се труди да не го зема при срце весело изговоренето „слепец еден“.
Не ги одобруваме овие игри, но како што рече еднаш еден другар од средно, кога му беше посочено дека Дрогба е валкан играч:
Па, не може да се игра во одело!
Add a Comment