Во Дел 2, од овој серијал спомнавме дека треба да утврдиме метод за проценка на нашето ниво на хидрираност. Навистина, од каде да знам дали сум доволно хидриран и дали е доволно тоа што го внесувам?
Се надеваме нема да ни замерите за свесно пропуштените посложени објаснувања, во обид да ви посочиме кратки, и едноставни за спроведување начини за мерење.
Дел 3: Како да ја мериш состојбата на хидрираност
Ви ги препорачуваме следниве четири најпрактични начини:
- боја на урината
- колку често (колку многу) уринираме
- варијации во дневна телесна тежина
- телесна тежина пред и после тренинг
Накратко
- Набљудување на урината: боја, количина и честота
- Мерење на телесната тежина во ист период од денот
- Мерење на телесната тежина пред тренинг и после тренинг (ќе помогне да знам колку да надополнам после тренингот – прочитајте во Дел 4)
Add a Comment